Македонија

„Ла фамилиа“ отвори продавница во Кавадарци

07 Mar 2022

Во саботата (5 март) беше отворена нова „Ла фамилиа“ (La Familia Liquor & Gift Shop) во центарот на Кавадарци, на улицата Маршал Тито, бр. 8.

Специјализираната продавница е со тематски конципирано ентериерно уредување, надополнето со модерна опрема – гондоли, фрижидери, хјумидори за производи од тутун и сл. Продавницата е поделена на неколку сегменти – пијалаци (безалкохолни, алкохолни и вина), производи од тутун, пакувани производи, подароци, како и специјализирани секции за свежо цвеќе, книги, грицки, кафе и слични други производи на стоки за широка потрошувачка. Асортиманот го сочинуваат повеќе од 4.500 производи.

Брендот или франшизата ја нарековме едноставно – „Ла фамилиа“, со полна асоцијација на семејството, топлината, посветеноста и грижата. И во деловната политика се водиме од мотото дека ние сме едно семејство со нашите ценети потрошувачи, партнери и соработници, велат одговорните во „Ла фамилиа“.

Ова е четвртата по ред специјализирана продавница, а идејата е La Familia Liquor & Gift Shop и понатаму да се развива како франшиза. Првата продавница беше отворена во јули 2018 година во Велес, втората е отворена две години подоцна во центарот на Скопје (во непосредна близина на Универзалната сала), додека третата беше отворена во октомври лани и е лоцирана во трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Од „Ла фамилиа“ потенцираат дека идејата е да отворат повеќе специјализирани продавници во сите поголеми градови низ Македонија, во неколку инвестициски фази, а не изостануваат ни регионалните амбиции и перспективи за пошироко од Балканот.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...