Македонија

Од денеска љубовен базар во „Веро центар“

10 Feb 2022

Од денеска до 14 февруари во „Веро центар“ ќе се одржи Првиот љубовен базар, на кој атрактивни изложувачи од земјава на посетителите ќе им ги понудат своите најдобри производи по специјални промотивни цени. 

На базарот може да се набават уникатните рачни изработки на „Тиноски“, избрана литаратура од „Сакам книги“, цветни аранжмани и украсни растенија од „Зелена“ и љубовни крофни од „Слаткограм“. Посетителите на базарот ги очекуваат и дизајнирани чорапи од „Quick sox“, накит од „Coral jewelry“, дизајнерски винтиџ парчиња од „Игралиште“, како и украсни свеќи од „Lit candle“. 

Оваа година во „Веро центар“ го одбележуваме февруари како месец на љубовта со специјални попусти и изненадувања. Со организацијата на љубовниот базар на нашите посетители им овозможуваме да најдат најголем избор на уникатни производи со кои ќе ги изненадат саканите или себеси. Ни претстојат денови на уживање во шопингот и љубовта, соопштија од „Веро“.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...