Горан Малишиќ од мелничко пекарската индустрија во емисијата „24 анализа“ предупреди дека лебот може да го снема на пазарот поради големите загуби на фирмите што го произведуваат. Тој истакна дека можело да се најде начин да се превенираат проблемите со замрзната цена, и дека немаат профит и се во загуба.
Во индустриските пекарници кои произведуваат 15 000 леба, загубите се многу големи. Таа компанија нема да издржи загуби. Тоа се енормни загуби, а мелничко-пекарската индустрија работи со најмали маржи. Ја поздравуваме мерката за јавно добро, но имаме голем проблем во пекарската индустрија, да не се случи до тотален колапс на индустријата. Може да се случи лебот да го нема на пазарот поради тие загуби на фирмите кои го произведуваат. Ако се задолжуваш по банки, која ќе те кредитира ако работиш со загуби – вели Малишиќ.
Мелничарите и пекарите очекувале нивните аргументи да бидат слушнати во Владата, откако ја предупредиле дека ќе дојде до пореметување на пазарот.
Не добивме ништо, туку само забрана за цените. Но, тука има и една несоодветна ситуација, се замрзнуваат цените на само десет производи, а се качува цената на струјата, која исто така е основна за граѓаните. Тука има дволичен однос кон целата индустрија. Ја информиравме Владата дека очекуваме и зголемување на цената на гасот кој нашата индустрија го користи и тоа се случи. Гасот се покачи и тоа се големи трошоци кои компаниите не можат да ги издржат, вели Малишиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.