Македонија

27 пожарникари го гасеа пожарот во „Жито Битола“

24 Jan 2022

Пожарникари и денеска ќе го надгледуваат објектот на „Жито Битола“ во Битола, откако вчера попладне таму изби пожар кој беше изгаснат синоќа нешто по 21 часот. 

Командирот Горан Димкоски информираше дека не се дозволи пожарот да се прошири на магацинот и силосите со жито. Инаку пожарот избувна после 17 часот во старата зграда на мелничко-пекарскиот капацитет. Го аснеа 9 противпожарни возила и 27 пожарникари, а беше побарана и помош од РЕК Битола.

Од СВР Битола информираат дека повредени лица во пожарот нема. Веднаш после избувнувањето на пожарот, пристигна и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Објектот е пекара, млин и силос. Тој е дел од старата индустриска зона, се работи на тоа да се локализира во границите. Во објектот имале дваца кои го напуштиле објектот, засега нема информација за повредени, рече тој. 

Засега не е позната причината зошто и точно каде избувнал пожарот, а причинета е материјална штета на објектот.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...