Првиот „Стокомак“ во Делчево, кој се наоѓа на булеварот Македонија, почна со работа во саботата, на 25 декември.
Новиот маркет е со продажен простор на површина од 400 квадратни метри и има 4 наплатни каси. За услугата се грижи персонал од 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат повеќе од 1.200 редовни производи, дополнети со неделните понуди на непрехранбени продукти и краткотрајни понуди.
Овој маркет ја заокружува 2021 година, во која продолживме со нашата цел – „Стокомак“ да биде достапен во секој град, каде што купувачите секојдневно ќе може да пазаруваат по најниски цени, притоа купувајќи свежи и квалитетни производи, изјавија за InStore од „Стокомак“.
Додаваат дека постојано работат на зголемување и подобрување на асортиманот, комплетирајќи ја понудата со поголем избор на производи. Особено нè радува што во 2021 година остваривме позитивни резултати благодарение на довербата што ја добиваме од нашите купувачи. Тоа го потврдуваат и анализите, според кои „Стокомак“ е единствен синџир маркети на територијата на РС Македонија со 5 годишен пораст на довербата кај купувачите, нагласуваат од малопродажната компанија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.