Македонија

Намалување на царините за суровини за домашната индустрија

15 Dec 2021

Владата на вчерашната седница ги утврди измените на Законот за Царинската тарифа со кои се предлага намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија.

Со донесување на овој закон всушност ќе се реализира Мерката 17 од петтиот сет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на КОВИД-19, како и за поголема усогласеност со Царинската тарифа на Европската унија и во делот на царинските стапки, а притоа имајќи ги предвид и правилата на Светската Трговска Организација, се наведува во соопштението од владината седница. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...