Денеска (10 декември) компанијата „Рамстор“ – Македонија отвори нов „Рамстор експрес“ на улицата Туристичка, бр. 42А во Охрид.
Модерно дизајнираниот маркет „Рамстор експрес“, кој е 30. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 200 квадратни метри и располага со дополнителен магацински простор од 100 квадратни метри. За услугата се грижи тим од вкупно 12 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси.
Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, пакувано месо и повеќе од 3.000 производи, достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 8 до 22 часот.
Со новиот маркет во Охрид, синџирот „Рамстор“ – Македонија достигна до вкупно 30 маркети во осум различни градови во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 28.000 квадратни метри. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува над 800 луѓе. Од компанијата најавуваат дека и следната година ќе го продолжат инвестицискиот пораст и развој во земјата, преку нови активности и отворање нови маркети.
„Рамстор“, кој во Македонија почна да функционира од 11 јуни 2005 година, од неодамна е дел од „Сити плаза холдинг“, друштво што работи веќе 16 години на македонскиот пазар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.