Македонија

Гостивар го доби најмодерниот „Рамстор“

07 Dec 2021

Денеска во Гостивар, на ул. Илиденска, бр. 254, беше отворен досега најмодерниот супермаркет „Рамстор“, конципиран според најсовремените светски стандарди.

Како што информираат од компанијата, на продажна површина од 1.400 квадратни метри, новиот „Рамстор“ ќе ги понуди сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран супермаркет. Новиот начин на презентација на производите во супермаркетот е по примерот на водечките светски брендови, а се базира на тематско изложување на производите и нивното поврзување за одреден атрактивен концепт.

За услугата се грижи тим од вкупно 25 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 4 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 80 возила.

„Рамстор“ се стреми да почне поразлична раздвиженост во насока на брендирање и додавање вредност во секој град во РС Македонија, каде што има свој продажен објект, изјави Ајдован Адемоски, сопственик на „Рамстор“ – Македонија и додаде: Инвестиравме тука и ќе продолжиме со нашиот придонес кон урбанизацијата и додавањето вредност на брендот „Рамстор“.

Тој открива дека до крајот на годинава ќе биде отворен уште еден маркет во Охрид (четврти по ред), со што „Рамстор“ – Македонија ќе ја достигне бројката од 30 маркети. Истовремено, бројот на (ин)директни вработени ќе се искачи на 1.000. Истиот тренд на проширување ќе продолжи и следната 2022 година, со отворање нови маркети во други градови низ земјава, кои ќе го пресликуваат новиот амбиентален концепт.

Gallery: Рамстор - Гостивар



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...