Денеска (18 ноември) „Киппер“ отвори нов маркет во Гостивар. Станува збор за трансфер на нова локација, на улицата Дебарска (ЈНA), бр. 286.
Вкупната површина на новиот „Киппер“ изнесува 317 квадратни метри, од кои 295 се продажен простор, а 22 квадрати се користат како магацин. Во маркетот има 2 наплатни каси и за услугата е задолжен тим од 7 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.400 прехранбени и непрехранбени производи.
Од „Киппер“ за InStore ги потврдија претходните планови за динамиката на отворање на нови објекти: Во планот за проширување за компанијата следни локации се Тетово, Струмица, Радовиш, Скопје, Струга, Куманово, Штип.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.