Компанијата „Атлантик“ – Скопје лансира два вида интергрални макарони – Marcella Lisci и Marcella Fusili од 400 грама, направени од 100% интегрално брашно.
Новите производи од вчера се пуштени во продажба и, како што соопштуваат од компанијата, за најкраток период ќе може да се најдат во сите поголеми маркети во Македонија.
Во моментов сме лидери по продажба на јуфки во земјава, а сега, на пазарот ги лансираме и првите македонски интегрални макарони, изјавија за InStore од компанијата.
„Атлантик“ – Скопје е компанија што произведува тестенини под брендот Marcella. Капацитетот на производство е околу 28.000 кг. во една смена, што како што истакнуваат од компанијата, е најголемиот производствен капацитет за оваа категорија во Македонија. Брендот е присутен на околу 1.000 продажни објекти во земјата, а компанијата произведува и приватни марки за најголемите дисконтери. Ориентирани сме и извозно, па очекуваме во брзо време да ги завршиме договорите со странските дистрибутери и да влеземе на голема врата во Косово, Албанија, Црна Гора и во БиХ, велат од „Атлантик“ – Скопје.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.