Во „Битолска млекара“ се применуваат напредни и високо стандардизирани мерки за заштита при работа со што се посветува големо внимание на вредноста на човечкиот капитал и на нашите вработени, соопштија од млекарницата откако вчера добија награда за компанија за најдобра практика за безбедност и здравје при работа 2021 година.
Наградата ја доделува Министерството за труд и социјална политика по изборот на Националниот Совет за безбедност и здравје при работа и според покажаните практики што се применуваат во компаниите како и имплементирање на законските обврски при заштита на вработените. „Битолска млекара“ спроведува и дополнителни активности за унапредување на безбедноста и заштитата на работното место со кои уште повеќе се потенцира важноста и значењето на вработените.
Применуваме напредни и високо стандардизирани мерки за заштита при работа со што се посветува големо внимание на вредноста на човечкиот капитал и на нашите вработени. Затоа, добивањето на наградата за нас значи потврда за ефикасноста на веќе применетите практики, но многу повеќе поттик за дополнително подобрување и усовршување на безбедносните мерки како и на заложбите за континуирано подобрување на безбедноста на работните места и зачувување на здравјето при работа, соопштија од млекарницата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.