Македонија, Србија и Албанија од следната година можат да сметаат на една работна дозвола и единствен информативен систем, најави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија.
На денешниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, Чадеж рече дека оваа иницијатива е клучна за опстанокот на економијата и работните места во регионот.
Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да изнаоѓаме начини да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде што ќе ги реализираме тие бизниси и луѓе со кои ќе ги реализираме, кажа Чадеж.
Според него, иницијативата „Отворен Балкан“ има многу добра основа за нови инвестиции, бидејќи странските инвеститори не гледаат само на една земја, туку на регион кој или има или нема добри услови за инвестирање.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.