Компанијата „Лион“ го лансираше првиот македонски премиум крем без шеќер, под брендот Леона.
Производот содржи 5 отсто лешник, а спакуван е во пакување од 350 грама.
Како замена за шеќер е употребен малтитол, шеќерен алкохол по формула, кој се перцепира како здрава замена за шекерот - има 75-90% од сладоста на сахарозата и неговата калорична вредност е за 40% пониска од онаа на шеќерот.
Компанијата има поднесено барање до Дирекција за храна за да добие одредени здравствени тврдења како би можеле кремот да го користат и дијабетичари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.