Македонија

„Гемак трејд“ одбележува 30 години од своето основање

19 окт 2021

„Гемак трејд“ годинава одбележува 30 години од своето основање. Во изминатите три децении, Гемак успеа да изгради силна позиција на пазарот на една од најуспешните компании за увоз и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалоци, тутун, кафе, храна и непрехранбени производи.

Денес, компанијата има распространета дистрибутивна мрежа од 90% oд територијата на целата држава и претставува синоним за успех и традиција во која се втемелени вредности на корпоративно управување, со силен тим од 120 вработени.

Низ годините, „Гемак“ континуирано вложуваше во нови брендови и иновативни пристапи на оперативно работење, што придонесе за пораст, развој и успех на компанијата, која дури и во услови на пандемија од глобални размери и тектонски економски пореметувања, успеа да го одржи бизнисот и уште повеќе да го збогати своето портфолио со нови и премиум светски брендови.

Навистина имаме многу причини да бидеме горди на овој јубилеј. Со должна почит кон нашиот татко, Енвер Малиќи, кој ги постави темелите на компанијата, јас и моите браќа Алтин и Албан денес го продолжуваме патот кон остварување на неговата визија. Тој беше инспирација не само на семејството, туку и за сите вработени, соработници, партнери и пријатели, беше пред сè човек, а над сè визионер со силен импулс за бизнис. За жал, 30-годишниот јубилеј го прославуваме токму во годината кога го загубивме. Но, тој останува нашата инспирација, нашиот лајф мотив за иден развој на „Гемак“ - стабилна и просперитетна компанија со силен социо-економски придонес во државата, истакна Резарта Малиќи Сали, ко-сопственик и член на Бордот на директори во „Гемак“, која додава дека поставувањето на темелите на еден бренд е тешко, но одржување на силен бренд низ годините е исклучителен предизвик и резултат на напорна работа и успешно менаџирање.

За потсетување, „Гемак“ е основана во 1991 година, како компанија за увоз и дистрибуција на електрични апарати. Во своето тридецениско постоење, го прошири своето работење во повеќе различни индустрии. Покрај трговија и дистрибуција и во телекомуникации, недвижности, градежништвото и угостителството,  како во земјава така и во странство.

Во моментов, компанијата Гемак работи на нова бизнис стратегија, воспоставување на систем на стандарди, процедури и иновации и целосно нов и иновативем пристап на деловно работење. Ова ќе биде основата врз која ќе се постават темелите на една нова корпорација која ќе ги обедини сите сестрински компании и која успешно ќе одговори на предизвиците на иднината.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...