Македонија

Заев: Претерано е тврдењето дека производите ќе поскапат за 50 отсто

05 Oct 2021

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес - конференција рече дека тврдењето на прехранбениот сектор дека производите ќе поскапат за 50 отсто е претерано.

Претерано е кажувањето за поскапувања од 50 отсто. Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7 проценти. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10 проценти. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен показател за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од три проценти. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7 проценти инфлација е контролирачка. За сè што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука, рече Заев.

Како што беше речено вчерашната прес - конференција во Стопанската комора, со оглед на светските трендови поскапувања секако ќе има, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви одлуки ќе се донесат. Цените само на сувомесните производи се очекува да се зголемат за 20 – 40 отсто, но зголемување на цената ќе има и кај лебот.

Комората ќе предложи повторно да се активира кампањата за купување домашни производи.
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...