Македонија

Симпозиум на Југоисточна Европа за зеленчук и компир

24 Sep 2021

Од денеска до 26 септември ќе се одржи осмото издание на Симпозиум на југо - источна Европа за зеленчук и компир, во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна – УКИМ, а под покровителство на International Society for Horticultural Sciences (ISHS).

Како што најавија организаторите, настанот ќе се одржи виртуелно, а покрај деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, на отворањето поздравно обраќање ќе има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа како и претставници од FAO и ISHS.

Воведничари се професорите Јуксел Тузел од Универзитетот „Еге“ во Измир, Турција и Даниел Лесковар од Истражувачкиот центар за Земјоделство и машинство од САД. 

Симпозиумот ќе може да се проследи на јутјуб каналот на факултетот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...