Македонија

Хуманитарна акција на брендот Jana и на компанијата АВТ

06 Aug 2021

Jana и АВТ почнаа хуманитарна акција „Капка радост за малите херои!“ со цел собирање на средства за Клиниката за детски болести во Скопје. 

Со купување освежителни пијалоци од асортиманот на брендот Jana во период од 1 август до 31 октомври годинава во сите маркети на „Тинекс“ и „Космо“ се помага да се соберат средства за Детска клиника. 

Брендот Jana секогаш се труди да им помогне на оние на кои им е најпотребно. Бидејќи минатата година беше исклучително тешка за сите, особено за најранливите групи, Jana и АВТ, во соработка со „Тинекс“ и „Космо“ решија да и помогнат на Детската клиника во Скопје и ги повикуваат граѓаните да помогнат заедно да создадеме разлика, односно подобра иднина за најмилите со свој придонес и мал знак на внимание. Со оваа заедничка акција ќе го реновираме Одделот за нефрологија при Детска клиника, со што ќе овозможиме подобри услови на здравствена заштита на нашите најмили, соопштија од компаниите.
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...