Македонија

Благодарници за Вучиќ и Чадеж за вакцинирањето на бизнисмените

30 Jul 2021

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, му врачи благодарница на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ  кој го направи првиот чекор во заедничкото дејствување во бизнис заедницата на Западен Балкан 6 со акцијата за вакцинирање на бизнисмените во март годинава.

Едно големо благодарам за сè што направивте за поддршка на бизнис заедницата во услови кога светската пандемија предизвикана од Ковид - 19 вирусот беше во најголем ек, рече Азески, врачувајќи ја благодарницата на Вучиќ.  

Благодараница за заедничка реализација на вакцинацијата на бизнисмени доби и претседателот на Стопанската комора на Србија и претседател на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж.

На доделувањето на благодарниците присуствуваа и д-р Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Стопанската комора за регионални прашања, Светозар Јаневски, член на Бизнис советот на КИФ и Владимир Стајиќ, стопанственик,член на Комората.  

Извор: Стопанска комора на Северна Македонија 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...