Македонија

„Жито“ со нови маркети во Велес и во Гостивар

26 јул 2021

Трговскиот синџир „Жито“ за неколку дена ја збогати мрежата со две нови продавници – една во Велес и една во Гостивар.

Во саботата (24 јули) во беше отворен маркетот во населбата Превалец, Велес (на фотографијата горе). Новотоворениот маркет е на површина од  160 квадратни метри, со две наплатни каси и овозможи десетина нови вработувања. Како што соопштуваат од компанијата, предноста на овој маркет е што вклучува и пилјара Friutland, со што потошувачите секојдневно ќе имаат избор од свежо овошје и зеленчук.

Ова е уште еден чекор што ја следи развојната политика на „Жито“. Секаде каде што ќе се укаже можност, ќе се обидеме да бидеме сè поблиску до потрошувачите, без оглед дали станува збор за Велес, Скопје, Гостивар или за некој друг град во државата. Главна цел е да им бидеме на располагање на нашите ценети потрошувачи што е можно поблиску до нивниот дом, нивното маало. Нивната доверба ја оправдуваме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи, изјави Стојанче Тодороски, административно-технички директор на „Жито“.

Неколку дена претходно беше отворен новиот објект во Гостивар (на фотографијата лево). Маркетот, лоциран на улицата Беличица, бр. 15, во близината на градскиот пазар, е на површина од 360 квадратни метри и има две наплатни каси, со петнаесетина нововработени. Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 7:00 до 21:30 часот од понеделник до сабота, а во недела и празници од 8:00 часот до 16:00 часот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...