На 8 јули повторно беше отворен реновираниот „Кам“, кој е дел од големиот трговско-забавен комплекс „Кам вилиџ“, на адреса 7 Ноември, бр. 179 во Охрид.
Маркетот беше целосно реновиран и проширен за 110 квадрати и сега се простира на вкупно 535 квадратни метри. Целта на реновирањето е да ја збогати понудата и да ги задоволи секојдневните потреби на потрошувачите, изјавија за InStore од „Кам“, при што додаваат дека специјално за реотворањето е поставено комплетното брендирање според новиот корпоративен идентитет во внатрешноста на маркетот, како и надвор на фасадата од објектот на трговскиот центар.
Градежните работи почнале на 28 јуни, а целиот маркет бил завршен и брендиран на 7 јули, по што следуваше отворањето на 8 јули.
Во рамките на неколкудневната промоција, потрошувачите имаа можност да ги вкусат најпродаваните приватни марки на „Кам“ на дегустациите во маркетот, а најмалите имаа шанса да обојат цртеж и да освојат ваучер за пазарување, велат од „Кам“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.