Македонија

Фабрика за чипс ќе се отвори во Македонија

09 Jul 2021

Во Македонија ќе биде отворена првата фабрика за чипс, најави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески. 

 Во тек се, рече Павлески, и контакти со неколку други компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Има преговори и со компанија во делот на автомотив индустријата чија инвестиција се проценува на повеќе милиони евра и која треба да отвори над 1.000 вработувања. Исто така е извесно дека до крајот на годината ќе почне со работа и компанија од услуги и сервиси која ќе отвори нови 500 вработувања со солидни плати.

Сакам да испратам една охрабрувачка порака, дека економијата полека се враќа во нормалнет тек. Сепак, се зависи од случувањата на светско ниво поради пандемијата. Покажавме отпорност како економија и мислам дека сме на добар пат. Има доста заинтересирани инвеститори, нашата држава е препознаена како добро подрачје за инвестиции кое нуди многу поволности. Во тек се неколку инвестиции, но имаме контакти и со неколку компании за кои е извесно дека ќе инвестираат. Може да најавам нова фабрика за чипс која ќе биде прва и единствена во нашата држава, друга во Битола ќе инвестира пет милиони евра во проширување на своите капацитети со над 100 нови вработувања, ќе го развуват својот центар за истражувања и развој, кажа Павлевски.  

Иако имаше црни сценарија, минатата година, рече Павлески, заврши со 206 милиони евра странски инвестиции. Тоа е за околу 15 отсто повеќе во споредба со 2017 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...