Македонија

„Рамстор“ дел од хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“

06 May 2021

„Рамстор“ е дел од хуманитарната акција за собирање прехранбени и хигиенски производи за поддршка на бездомни и социјало загрозени семејства.

Акцијата е дел од проектот „Волонтираме за солидарно општество“ кој е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Мотото на проектот е: Тука сме и служиме на заедницата.

Во насока на визијата и мисијата на „Рамстор“, како компанија продолжуваме да се вклучуваме во слични општествено-одговорни проекти за да го побудиме хуманиот дел и да го поттикнеме чувството на солидарност кај сите.  Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна #Ramstoremarketi #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, соопштија од „Рамстор“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...