Македонија

„Киппер“ продолжува со експанзијата

12 апр 2021

Денеска „Киппер“ го отвори новиот маркет во с. Лешок, кој е 62. продажен објект во мрежата на хард-дисконтерот.

Новиот маркет е лоциран на ул. 25 (спроти бензинската станица „Лукоил“) во с. Лешок, Општина Теарце. Се протега на вкупна површина од 720 квадратни метри, од кои 570 квадрати се продажен простор, а 150 квадрати се користат како магацин. Потрошувачите имаат на располагање 4 наплатни каси, а за услугата се грижат вкупно 12 вработени. Маркетот располага со асортиман од речиси 2.250 производи.

Во маркетот во Лешок, новина е месарницата, во која потрошувачите секојдневно ќе имаат на располагање свежо месо. Ова ни е најубавиот маркет досега, кој од почеток беше изграден од нашата компанија. Наскоро на ист начин ќе функционираат и маркетот во Боговиње, но и тој во Брвеница, кој е во план да се отвори во третиот квартал годинава, велат за InStore од менеџментот на „Киппер“, при што ги потврдуваат претходните најави за експанзијата: Плановите за отворање на нови маркети во блиска иднина се следниве: Куманово (петти „Киппер“), Штип, Струмица, скопско Радишани, Кичево, Радовиш итн.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...