Од денес, 1 март, започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“ преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.
Оваа недела, платниот промет ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на поштата.
Плаќањето во готово преку шалтерите на „Македонска пошта“ ќе биде со најниска провизија, односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.
Во минатото, преку платниот промет на „Македонска пошта“ се одвиваше 25 отсто од вкупниот платен промет во државата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.