Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, смета дека мерката за поддршка на плати покажала добри резултати кај компаниите кои ја искористиле.
Мерката за давање поддршка за плати навистина даде резултати и добро е таа што продолжува и во новиот пакет и доколку се покаже како потреба и во наредниот период верува дека владата ќе има слух и дополнително да се продолжи за оние кои навистина им е неопходна за преживување. Верувам дека на оние на кои добро им одеше за време на кризата би требало да ја покажат својата солидарност и да не црпат од овие фондови и да остават за оние кои оваа помош навистина им е неопходна за да не пропаднат, рече Арсовска во синоќешното гостување на „Топ тема“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.