Македонија

Во 2020 најголем поврат на ДДВ кон фирмите, во споредба со претходните години

01 Feb 2021

Во 2020 година, по основ на поврат на ДДВ кон фирмите, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра. Тоа е најголем поврат во споредба со изминатите години, и изнесува скоро 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност, соопштија од Министерството за финансии.

Ако минатата година е извршен поврат на 397,4 милиони евра, во 2019 година повратот изнесувал 403,9 милиони евра, во 2018 од 375,8 милиони евра, во 2017 година 315 милиони евра, во 2016 280 милиони евра и во 2015 година 283,5 милиони евра. Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон фирмите е од големо значење за ликвидноста во стопанството, особено во време на криза кога пристапот до средства е ограничен, соопштија од Министерството.

Доколку се споредат годините наназад, процентите изгледаат вака: во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, во 2016 од 26% и во 2015 година од 28%.

Доколку се гледа во апсолутен износ, минатата година и покрај кризата, инјектирана е висока сума на средства по основ на поврат на ДДВ кон фирмите во споредба со претходните години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...