Македонија

Мелничарите се пред колапс

29 Dec 2020

Мелничарите ќе бидат тотално колабирани за почетокот на новата жетва во 2021 година и ќе немаат можност да купат пченица. Од почетокот на пандемијата на ковид-19, два млина ставија клуч на врата од кои едниот беше трет по големина на македонскиот пазар, вели претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ. 

Поскапувања на лебот и пецивата досега немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.

Од 70 млинови во земјава, работат само девет. Но, тие девет, ако лани работеле со 35 – 50 од капацитетите, сега работат со максимум 20 проценти. Не само поради нелојалната конкуренција од Србија која никако да се регулира со години, туку и поради намалената потрошувачка на брашно. Пред ковид-от, 200.000 ученици и студенти дневно одеа во школо и на факултет, плус 100.000 наставници и професори, дополнително и помошен персонал или вкупно околу 500.000 луѓе. Сите тие се хранеа со буреци, сендвичи, пецива, пици, итн. Таа потрошувачка денеска е преполовена, сведена на 50 отсто, објаснува Малишиќ.

Групацијата на мелничари досега неколку пати имала средби со владини претставници на кои го изнеле свото барање за субвенции.

Три пати досега бевме кај министерот за земјоделството, еднаш кај вицепремиерот, а по божиќните празници треба да одиме и кај премиерот Заев. Бараме за 2020 година и редовно секоја година да бидеме субвенционирани зашто во спротивно, сме готови, а индиректно ќе изумре и домашната пченица која е заштитена со закон како најважна полјоделска култура за прехрана на населението во вакви светски кризни состојби, рече Малишиќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...