Македонија

Трудниците се ослободуваат од работа со физичко присуство

24 Dec 2020

Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство до завршувањето на пандемијата, потсетува Владата.

Во согласност со владина одлука, трудниците се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на пандемијата прогласена од Светската здравствена организација.

Од Владата посочуваат дека ја објавуваат оваа информација по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место на бремените жени по 31 декември 2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на 3 ноември по препорака на Комисијата за заразни болести, а е објавена во Службен весник на 4 ноември 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...