Македонија

Нова услуга на „Рамстор“ – онлајн пазарување

17 Dec 2020

„Рамстор“ ја почна новата услуга на онлајн-пазарување преку која на своите клиенти им  нуди  онлајн -сервис за купување намирници со палета од 5.000 производи.

Досташните производи се поделени во различни категории, и се во согласност со потребите на потрошувачите. 

За брзо и безбедно искуство во пазарувањето, „Рамстор“ врши достава до вратите на своите потрошувачи 7 дена во неделата. Освен на страницата за онлајн-купување, Рамстор до дома им служи на своите клиенти и преку својата мобилна апликација, соопштуваат од компанијата.

Засега, новиот систем за достава врши испорака само во Скопје.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...