Капиталот на Развојната банка на Северна Македонија со одлука на Владата е зголемен за 3 милиони евра со цел поддршка на приватниот сектор.
Владата на 29. седница донесе одлука за зголемување на почениот капитал на Развојна банка на Северна Македонија. Целта на зголемувањето на капиталот е поголема поддршка на приватниот сектор, со акцент на поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании.
Како што соопштија денеска од Развојната банка, зголемувањето на поддршката на приватниот сектор ќе се реализира преку проширување на портфолиото на банката со издавање на царински гаранции.
Царинските гаранции, како што посочуваат од банката, беа предвидени со четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата. Со овој производ, ќе се олесни увозот на материјали заради облагородување кој се реализира како извоз во форма на производи и услуги.
Преку Развојна банка на Северна Македонија досега се реализираа две бескаматни кредитни линии за поддршка на микро, мали и средни компании со кои се поддржаа околу 1.400 компании со 18 илјади вработени. Дополнително, приватниот сектор можеше да искористи 50,9 милиони евра поволни кредити од ЕИБ кредитната линија за проекти на 189 компании кои треба да вработат нови 605 лица, се наведува во соопштението.
Јавниот повик и документот достапни се на: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/687-1-7
Тековно од Развојната банка информираат дека се реализира третата бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали трговски друштва, ТП и занаетчии, за која поднесувањето на кредитни барања започнува во среда на 16 декември.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.