Во саботата почна со работа новиот маркет „Супер Тинекс“ во скопската населба Аеродром, лоциран во непосредна близина на клиниката „Мајчин дом“, на бул. Јане Сандански, бр. 13.
Од трговската компанија соопштуваат дека жителите на општина Аеродром ќе имаат уште еден нов, модерен и добро снабден маркет, каде што ќе можат да пазаруваат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи по достапни цени.
Супермаркетот се протега на вкупна површина од 969 квадратни метри и е опремен со повеќе различни содржини – модерен оддел за овошје и зеленчук, месарница со свежо месо и сувомесни производи, оддел за млечни деликатеси, пекарница, винотека со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.
Со отворањето на новиот „Супер Тинекс“ обезбедени се 30 нови работни места.
Од денот на отворањето (12 декември) до 19 декември, за секоја сметка повисока од 999 денари, „Тинекс“ ќе подарува пакет-производи за потрошувачите, а ќе има и многу акции, попусти и промоции, информираат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.