Македонија

Две донации од „Витаминка“ за здравствените установи во Прилеп

27 ное 2020

Како дел од општествена одговорност кон заедницата и од определбата на помага каде е најпотребно, „Витаминка“ реализираше донации во две здравствени установи. Целта на донациите е да се помогне и да се подобрат условите во прилепските здравствени установи за нивната грижа за пациентите да биде поефективна.

За ЈЗУ „Општа болница Борка Талески“ - Прилеп донирани се парични средства кои ќе бидат употребени за инсталирање на систем за централни гасови односно за довод на кислород, што е неопходна нега при третмани на хоспитализирани пациенти. За „ЈЗУ Здравствен дом“ - Прилеп, пак, компанијата донираше 400 брзи антиген тестови кои го детектираат вирусот Сарс-Ков-2.

Борбата против десетмесечното справување со пандемијата на Ковид-19, ја продолжуваме со активен и ангажиран однос, со голема свесност за неопходноста од следење на безбедносните препораки како и апел за почитување на мерките за претпазливост, соопштија од „Витаминка“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...