Македонија

Почна повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје

23 Nov 2020

Деновиве во тек е исплатата на повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје, односно за јули, август и септември.

На сметките на лицата кои скенираат фискални преку апликацијата МојДДВ треба да легнат околу 430 милиони денари од вкупно остварен промет за јули, август и септември од 29,8 милијарди денари. Од нив прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи 21,9 милијарди денари.

Од платениот ДДВ за македонските производи на граѓаните им се враќа 20, а од странските 10 проценти.

Повратот за ова тримесечје е малку подоцна од вообичаениот термин, затоа што овој месец се враќаше ДДВ и од „Викенд без ДДВ“, кога беа исплатени вкупно 1,1 милион евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...