Угостителите се со единствен став дека не смеат да бидат опфатени на кој било начин во ограничувањата и условувањата за начините за работа во недела и целокупната угостителска индустрија мора да биде изземена од комбинации во иницијативата недела да биде неработен ден и за угостителството, соопшти Независната угостителска комора (НУК).
Од НУК порауваат дека за сите угостители е неприфатливо какво било алтернативно решение, како што се најавува, со што одделни угостителски објекти во зависност од некои услови би можеле да продолжат да работат и во недела со обезбедување дополнителни потврди или лиценци за нивна оправданост.
Какво било ограничување со кое на дел од угостителите ќе им биде ограничено или условено работењето во кој било ден, не само недела, е дискриминација и деградација на тие угостители, соопштија од НУК.
Комората ја поздравува прифатената иницијатива на Владата и потребата од законско прогласување на недела за неработен ден, но укажува дека за разлика од минатото кога семејните неделни ручеци, слави и веселби се правеле во домовите, денес тие многу често се одржуваат во кафеани.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.