Владата донесе нови ограничувања за рестораните и кафулињата
03 Nov 2020
Рестораните и кафулињата ќе работат до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, одлучи Владата на денешната седница.
Новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот ги објави премиерот Зоран Заев, кој вели и дека оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
Со новите мерки, забрането е и групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21 часот.
Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби, напиша Заев.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.