Македонија

Владата одобри линија бескаматни кредити за малите фирми погодени од Ковид-19 кризата

15 окт 2020

Владата на синоќешната седница ја усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка. 

Во врска со оваа точка Владата го задолжи Министерството за економија да достави Предлог-одлука за префрлање на средствата од програма П1 во вкупен износ од 60.000.000 денари на посебна сметка на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје како буџетски придонес во реализација на мерката, по што банката треба да ги преземе сите активности неопходни за операционализација на мерката и воспоставување на третата бескаматна кредитна линија за поддршка на микро и мали претпријатија.

Финансиските средства за бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3) се повлечени од 50-те милиони евра награда за успешност заради целокупниот напредок во процесот на европска интеграција на Македонија, за кои Владата со официјален допис се обрати до Европската комисија дека овие средства ќе се користат за опоравување на земјата од последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Нов закон за работни односи од следната година

21 окт 2020

Финансиска помош за самостојните вршители на дејност

21 окт 2020

Поддршка за 48 компании кои инвестираа во време на корона-криза

21 окт 2020

„Македонија 2025“ освои награда Small Business Awards 2020

21 окт 2020

„Рамстор“ со волонтерска акција против гладот

21 окт 2020

„Кипер“ го отвори 56. маркет

21 окт 2020
Вчитува уште новости...