Малопродажба

Светски трговец: „Волмарт“

15 Jan 2013
 
„Волмарт": Од скромен почеток до 444 милијарди долари годишна продажба 
 
По мерка на потрошувачот 
 
Сем Волтон, основачот на компанијата, направи револуција во трговијата. Својата стратегија ја изградил врз непоколеблива основа: Најниска цена, секогаш и секаде.
 

„Волмарт" ги услужува своите потрошувачи и членови повеќе од 200 милиони пати неделно и тоа на различни начини, за да ги задоволи сите нивни потреби – во објектите преку онлајн или преку мобилните телефони. „Волмарт" работи под 69 различни банери (формати и имиња), со повеќе од 10.500 продавници во 27 земји. Во фискалната 2012 година продажбата била приближно 444 милијарди долари. Вработува 2,2 милиони соработници низ целиот свет.

 
Локации
•Вкупниот број на малопродажни објекти на 31 октомври 2012 година изнесува 10.524;

•„Волмарт" во САД брои 3.971 продавници;
•„Семс Клуб" (Sam’s Club) има 620 објекти;

•„Волмарт Интернационал" работи преку 5.933 продажни единици.
 
Намалувањата почнуваат порано

Најголемиот светски трговец објави дека почетокот на своите традиционални намалувања го поместува од т.н. „црн петок" (денот по Денот на благодарноста, кога почнува купувачката треска пред празниците што претстојат) на нов термин – во 20 часот на Денот на благодарноста.

Купувачите ќе можат да ги остварат попустите и со купување преку веб-страницата на трговецот, walmart.com, во рамките на посебните акции што ќе почнат на Денот на благодарноста и ќе траат до наредниот ден.
„Волмарт" ги промовира намалувањата и преку каталози со огласи на 45 страници со маркетинг-кампањи на интернет и по пат на социјалните мрежи.

На потрошувачите што купуваат преку интернет трговецот им гарантира исти цени на производите како и на оние што ќе се најдат на полиците во продажните објекти на „Волмарт" низ целата земја, со тоа што производите на намалување на веб-страницата ќе бидат достапни неколку часови пред да се најдат во продавниците.
 
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 3

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...