Актуелно

Повеќе од 23.000 граѓани не подигнаа домашна платежна картичка

17 авг 2020

Повеќе од 23.000 граѓани воопшто не подигнаа домашна платежна картичка, покажуваат информациите што од банките биле упатени до Министерството за финансии на 7 август.

Саботата беше последниот рок до кога можеше да се користи оваа мерка за помош на граѓаните и на економијата во услови на пандемија со која се стимулираше домашната потрошувачка. Колку точно од вкупно отпечатени 333.674 картички биле искористени, ќе се знае откако целосно ќе се сумираат резултатите.

Според последните информации од Министерството за финансии, заклучно со 1 август беа доделени картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра. Притоа се реализирани над 1,7 милиони транскации. Најголем дел од нив беа во маркетите (89 отсто), потоа во ресторани и храна (5 отсто) и за текстил, облека, обувки (3 отсто).

Домашна платежна картичка добија социјално загрозени лица, вработени со ниски примања, млади лица и здравствените работници кои беа ангажирани во борба со пандемијата.

Неискористените средства ќе бидат вратени во државната каса.


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...