Актуелно

Пазарот на средства за дезинфекција ќе надмине вредност од милијарда евра

20 јул 2020

Продажбата на средства за дезинфекција до крајот на 2020 година ќе надмине една милијарда евра и ќе достигне промет од околу 1,23 милијарда евра, покажа неодамна спроведената студија на истражувачката агенција „Фјучр маркет инсајт“. 

Покрај уверувањето на дел од економистите дека ќе успори купувањето средства за дезинфекција, истражувањата покажуваат дека веројатно, такво нешто нема да се случи. 

Аналитичарите на „Фјучр маркет инсајт“ сметаат дека годишната стапка на раст во оваа категорија ќе се зголемува во просек за 7,2 отсто годишно, што би значело дека овој пазар до 2030 година ќе вреди околу 2,5 милијарди евра. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...