Актуелно

„Баерсдорф“ продава повеќе кремови за раце, отколку за сончање

07 May 2020

Продажбата на производи за миење раце, кремови за раце и фластери се зголемила, додека продажбата на премиум брендот La Prairie е намалена.

Производителот на брендот Nivea – „Баерсдорф“ соопшти дека продажбата на неговите премиум производи за нега на кожата и кремот за сончање La Prairie е погодена од намалувањето на меѓународните патување поради пандемијата на коронавирусот, додека продажбата на производи за миење раце, кремови за раце и фластери се зголемила.

Минатиот месец „Баерсдорф“ ги повлече планираните проекции за 2020 година поради пандемијата. Во соопштението се наведува дека предлиминарните резултати од продажбата во првиот квартал годинава покажуваат пад од 3,6%, во споредба со истиот период минатата година.

Продажбата на La Prairie е намалена за 36% во првиот квартал од 2020 година поради колапсот на глобалниот туризам, кој влијаеше на сегментот кремови за сончање. Продажбата на Eucerin и Aquaphor е зголемена за 11,5%, додека производите Hansaplast забележале пораст за 10,1%.

Како што се наведува во соопштението на „Баерсдорф“, компанијата во време на кризата ги засилила маркетинг-активностите на онлајн-каналите. Буџетот за дигиталните медиуми се зголемил за 43%, што резултирало со пораст на е-продажбата за 23%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...