Рускиот дисконтер „Мере“ го отвори својот трет објект во Германија, а во план е ширење и во други делови на Европа, соопштија од компанијата.
Синџирот “Мере“ ја отвори продавницата во Источна Германија, откако претходните две години имаше успех со продавниците во Лајпциг. „Мере“ работи во состав на рускиот трговец „Торгсервис“, кој сака да се шрошири во Литванија и во Полска. Меѓу другите држави, дисконтерот „Мере“ планира наскоро да отвори продавници и во Белорусија.
Минатата година „Торгсервис“ беше меѓу десетте најголеми руски трговци. Само во 2019 година отвори над 500 нови продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.