Актуелно

Нов дизајн на Toblerone

15 јул 2022

Агенцијата за бренд дизајн „Булетпруф“ го обнови визуелниот идентитет на Toblerone, користејќи го мотото на познатиот чокалaден бренд - „Биди повеќе триаголник“ во свет на квадрати, односно на конвенционални чоколадни плочки.

Новото лого ги оживува рачно нацртаните скапоцени букви од минатото на Toblerone, односно „несовршеностите“ кои му даваат карактер и оригиналност на целиот дизајн. Покрај враќањето на „оригиналните несовршености“ од првото лого на Toblerone, новиот дизајн содржи и фонт кој е изведен од рачниот потпис на основачот Теодор Тоблер. Новиот дизајн ја задржува и познатата илустрација на алпската планина Матерхорн, која во овој случај иако е нацртана за да биде малку „повеќе триаголнеста“, таа сепак продолжува да ѝ дава покрив над главата на онаа скриена силуета на мечка. Црвената и златната остануваат основни бои на дизајнот, но сега се многу посветли и полни со „живописна позитивност“.

Во согласност со редизајнот, Toblerone лансираше онлајн продавница за подароци каде што потрошувачите можат да го персонализираат своето пакување чоколадо. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...