Актуелно

Ferrero Rocher и Rafaello сега се достапни и како чоколадо

13 Aug 2021

Италијанскиот кондиторски гигант „Фереро“ ги лансираше култните Ferrero Rocher и Raffaello производи во облик на чоколадо. 

Двата бренда се достапни во пакувања од по 90 грама во седум вкусови, направени од внимателно одбрани квалитетни состојки и различни видови чоколадо. Ferrero Rocher содржат млеко, 55 отсто темнo и бела чоколада во комбинација со лешници, бадеми и арома од солен карамел, додека Raffaello содржи бело чоколадо измешано со кокос, бадеми и ананас. 

Новиот асортиман производи е резултат на повеќе од три години истражување на тим од 50 луѓе кои работеа на развој на повеќе од 300 рецепти пред да ја најдат саканата рамнотежа на вкус и текстура.  

Претходно оваа година, компанијата во Франција лансира сладолед на стапче под брендовите Raffaello и Ferrero Rocher, во три вкуса. 

Новото Ferrero Rocher и Raffaello чоколадо е достапно во Велика Британија од овој месец. Постепено ќе се воведува на неколку пазари во Европа до крај на годината, додека потрошувачите надвор од Европа ќе мораат да чекаат на нови производи до 2022 година.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...