Актуелно

Дел од Балканот повторно се затвора

12 фев 2021

Грција воведува строг полициски час во Атина, за да го ограничи ширењето на новиот сој на коронавирусот. 

Се затвораат училиштата и малопродажните продавници, со исклчучок на супермаркетите и аптеките. Кафулињата и рестораните не смеат да примаат гости и ќе работат само со достава, а вратите ќе ги затворат и црквите и фризерските салони...Регионот на Атина по втор пат во целосен карантин од почетокот на пандемијата.

Искуството од првиот бран на пандемијата, како и искуството на локдаунот за време на божиќните празници, покажува дека побрзото воведување на рестрикции доведува до побрзо опуштање на истите, истакна премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

Заострени се мерките и во Црна Гора. Граѓаните од  21 часот навечер до 5 часот наутро не смеат да ги напуштат домовите, а за време на викендите нема да има ниту меѓуградски превоз. Со скратено време ќе работат трговските центри, угостителите и објекти за спорт и рекреација, кои најдоцна до 18 часот мора да стават клуч на вратите. Посебен акцент во заострувањето на мерките има во Тиват и Будва каде што епидемилошката ситуација е значително влошена

Навистина последниве неколку дена епидемиолошката ситуација во Тиват е аларманта, така што заедно со Будва е воведено заклучување на градот со посебни мерки. Според последните информации кои ги поседуваме од 8 февруари велат дека 329 граѓани заболеле од коронавирусот, изјави Жељко Комненовиќ, градоначалник на Тиват.

До 25 февруари помалку слобода на движење и за Албанците. Полицискиот час во земјата сега ќе почнува во 20 часот до 6 наутро. Угостителите ќе работат само со достава за време на полицискиот час. Веќе подолг период и во Бугарија угостителските објекти работат само со достава..



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...