Како да се исцеди ефикасноста од магацинот, а да не се чепка буџетот? Тоа може да звучи како од вас да се бара да извадите кец од ракавот иако носите кратки ракави... но не очајувајте.
Автор: Антонио Зрилиќ, „Логико“
Дали ви е позната следнава констатација? Под постојан притисок сте да ги забрзате своите операции, да ја зголемите продуктивноста и да ја подобрите ефикасноста во вашиот магацин, а вашата компанија не е подготвена на големи капитални вложувања или да го зголеми бројот на вработени? Со постојаните зголемувања на трошоците за гориво и превоз кои сè повеќе доминираат во логистичките буџети многу менаџери на магацини и дистрибутивни центри сфаќаат дека се во тешка положба. Прво прашање за нив е: Како да се исцеди ефикасноста од својот магацин, а да не се чепка буџетот? Тоа може да звучи како од вас да се бара да извадите кец од ракавот иако носите кратки ракави... но немојте да очајувате. Постојат повеќе работи што можат да се направат за вашите операции во магацинот да бидат поефикасни и без да се потрошат многу пари. Во продолжение ви даваме десет практични идеи кои се соодветни за магацини од сите големини и нивоа на сложеност, а ги распоредивме во четири основни категории: општ менаџмент, одлагање и складирање, пронаоѓање и пикирање и на крајот пакување и отпрема.
Производите што најбрзо се движат треба да имаат најкраток пат. Отстранете ја целата несезонска стока во подалечните делови од зградата.
Општ менаџмент
- Размислувајте стратешки. Воведете проактивен пристап наместо едноставно реагирање на проблемите што најверојатно се резултат на лошо планирање. Помалку мислете на купување нова опрема, а повеќе за тоа како да го промените начинот на водење на вашето складиште (иако постојат случаи кога промената на опремата е вистинскиот пат);
- Треба да се препознае дека секогаш има простор за подобрување. Соберете информации од своите вработени и колеги и прашајте ги за сугестии и за начините како да го подобрите работењето. Воведете редовни состаноци кои ќе траат кратко и ќе имаат постојана агенда. Тие ќе бидат наменети за клучните вработени и со нив би расправале и би ја подобриле ефикасноста на складиштето.
- Нека работниците ви бидат среќни и здрави. Среќниот и здрав вработен, кој е задоволен со своето работење, најчесто е и продуктивен. Поттикнете работен морал, поставете реални мерења и понудите мотив за добрите резултати. За нивното работење да биде со помалку физички напори, создајте ергономски ефикасни работни подрачја, а особено за активности со додадена вредност, како што се пикирање и пакување. Поставете артикли со брз обрт на лесно достапни места, чувајте ја амбалажата при рака и погрижете се работните станици да бидат на соодветна височина.
Одлагање и складирање
- Направете двојно - тоа за што ви се потребни два чекора, направете ги со еден. Кога одите по нарачаниот пакет, не одете со празни раце дотаму. Кога се наоѓате на одредена локација и гледате дека количеството на таа позиција е речиси на нула - пребројте и проверете го количеството во вашата програма во која ги водите залихите. Поместете две палети истовремено со помош на виљушкар со двојно подолги виљушки. Забрзајте го одлагањето со двојни виљушки за сложување палети со исти складишни единици (SKU). Пред да ги воспоставите овие техники, проверете дали е зголемено оптоварувањето во складиштето со капацитет од другата складишна опрема.
- Прегледајте го патот во складиштето за да утврдите дали има можност за негово намалување. Брзообртните и продажни производи треба да бидат сместени до влезно/излезната рампа. Производите што најбрзо се движат треба да имаат најкраток пат. Отстранете ја целата несезонска стока во подалечните делови од зградата.
Пронаоѓање, пикирање и пополнување
- Преуредување (Slotting). Тоа што се продавало минатата недела можеби ќе продолжи да се продава и следната. Воспоставите критериуми за преместување. Сè што е надвор од тие критериуми е тоа што треба да се премести од т.н. sweet zone - драгоцени позиции за брзо движење.
- Наредете ја и подредете ја стоката според тоа како сакате да ги редите палетите за отпрема. Поголемите, потешки картони треба да бидат сложени така што ќе можат да се комисионираат први, додека помалите картони треба да добијат место на крајот од патот за комисионирање. Посматрајте ги вашите вработени при комисионирањето. Ако тие секогаш одново рачно ги прередуваат производите пред да ги земат, тогаш е време за прередување. Тоа е динамична задача која мора да биде дел од описот на работата во складиштето. Знам компании што постојано ги прередуваат производите во складиштето бидејќи едноставно динамиката на работењето го бара тоа од нив.
- Проучете го профилот на вашите нарачки. Колкав процент од вашите налози за нарачки се со една ставка? Наместо работникот кој комисионира налог да патува од една позиција десетина пати, однапред сортирајте ги налозите со една ставка за ист SKU, така што само еднаш ќе патува до истата позиција.
- Комисионирање на производи со позабавен обрт директно од складиштето. Користете количка за комисионирање за производите со позабавен обрт да ги земете одеднаш и директно од резервното складиште. Тоа е поефикасно од нивното поместување напред на поблиска позиција за пикирање, каде што само го продолжуваат патот на комисионирање.
Пакување и отпрема
- Направете распоред на прометот на рампа. Задушувањето на рампа може да ја забави целата операција и да ги затрупа другите делови од складиштето. Распоредете ги приемите и отпремата така што ќе ја избалансирате работата во складиштето. Многу компании, особено тие без посебна рампа за влез и излез, отпремање и примање се распоредуваат со различни смени. Така, во една фирма издавањето и отпремањето се извршуваат во утринската смена, а приемот и надополнувањето во попладневната смена.
Се надевам дека овие десет трика барем малку ќе ги активираат важите мозочни клетки за да ги исцедите последните дополнителни капки на продуктивност и ефикасност.
Запомнете – Таичи Охно, основоположник на lean management, бил многу несреќен кога поминувал низ погонот и не нашол ниту една ситница што треба да се унапреди.
Се вчитува следна вест...