Комисионирањето е процес на земање на производот од залихите за да се задоволат специфичните барања на клиентите.
Автор: Игор Ќика, извршен директор „TQM консалтинг"
Терминот комисионирање (германски – kommissionierung, англиски – order-picking) потекнува од германското говорно подрачје и широко е прифатен. Овој процес, во просек, зазема 55 отсто од оперативните трошоци при складирањето.
Процесот на комисионирање се состои од следните операции:
Цели на ефикасното комисионирање се:
Продуктивноста во комисионирањето ја мериме според бројот на одвоени единици за еден час, што може да биде број на ставки за еден час, број на кутии или број на палети за еден час.
Бидејќи времето за земање на производот од неговите залихи е секогаш исто, без оглед на методот на комисионирање, зголемувањето на продуктивноста, обично, се добива со намалувањето на движењето од една до друга локација, при што тоа зазема 55 отсто од вкупното време за комисионирање.
Траењето на циклусот на оваа операција е време што е потребно за производите да се одвојат според нарачката и да се сместат во зоната за отпремување, т.е да се спуштат на рампа.
Очекувањата на купувачите да им се достави стоката во најкраток можен рок, предизвикува зголемено внимание за траење на циклусот – комисионирање. |
Точноста во овој процес е клучната цел, без оглед на видот на системот на комисионирање. Секоја одлука за избор на опрема и начин на работење во магацинот има ефект на точноста во комисионирањето, од пакување на производите, изгледот на отпремувањето, локација на производите, осветлувањето, до методот на комисионирање.
Еден од првите чекори за зголемување на ефикасноста во складирањето е раздвојувањето на активностите на складирање и на комисионирање.
Просторот за комисионирање е мал дел од магацинот во кој се држат најфреквентните артикли во релативно мали количества. На тој начин, одвојувањето на стоката се одвива на мала површина, а комисионерот има помалку непродуктивно движење и полесно може да се врши надзор.
Друга предност е во тоа што стоката може да се складира во палети или високо на полици, бидејќи со неа може да се ракува само тогаш кога се врши обновувањето на залихите во просторот за комисионирање. Така доаѓа до висок степен на искористување на просторот за складирање. Од друга страна, таквата организација доведува до нови активности – редовно обновување на стоката во просторот за комисионирање.
Основните прашања при проектирањето на просторот за комисионирање се:
Во изборот на производи што го заслужуваат местото за брзо комисионирање, најголема улога има напорот што е потребен за да се овозможи непречен тек на производите во магацинот. Таа големина може да се нарече вискозитет на производите и може да се прикаже со равенката
каде P е предвидениот број на комисионирање, а f е протекот на производите (i).
Во просторот за комисионирање треба да се сместат производите што имаат најголем вискозитет.
Метод на одвојување на производите
Основно одвојување
Добар метод е кога бројот на ставки за отпремување е помал, а патеката што ја минува комисионерот е кратка. Да се земе нарачката; да се отиде до првата локација за отпремување; да се земат производите; да се нотира отпремата; да се нотира стоковната картичка (ако постои); да се повтори постапката за секоја ставка.
Групно одвојување
Ова е метод кога повеќе отпремници ќе се групираат и комисионерот во еден циклус ги одвојува ставките за сите отпремници. Вообичаено, нивниот број изнесува од 4 до 12. На овој начин драстично се зголемува продуктивноста кога е мал бројот на ставки за секоја нарачка во групи.
Зонско одвојување
Овој метод се користи кога магацинскиот простор е поделен на зони. Во секоја зона еден комисионер одвојува производи според нарачката, што се наоѓаат во неговата зона.
Тој може да биде прогресивен и синхронизиран. Прогресивен е кога комисионерот во својата зона ја одвојува стоката, нарачката оди во следната зона на одвојување, а одвојувањето е готово кога отпремницата ќе помине низ сите зони. Синхронизиран метод е кога сите зони истовремено работат на една отпремница.
Методи на комисионирање
Pick-to-list е најстариот и наједноставниот начин на комисионирање – земање артикли од фиксните полици, врз основа на налог. Комисионерот секогаш го држи налогот кај себе или на количката за транспорт на производите. Пикерот се движи низ магацинот и ги бара потребните производи. Ова предизвикува голема загуба на време, а последицата е ниска продуктивност. Исто така, вообичаени се грешките при одвојувањето на производите и во нивниот број. Единствената предност на овој начин е ниската цена за опрема.
Комисионирање со помош на рачни компјутери – пикерот обично користи безжичен рачен компјутер. На дисплејот се појавуваат производите, потребниот број и локацијата каде се врши нивното одвојување. Кога тој ќе го скенира бар-кодот на производите на полица и ќе потврди дека го зел потребниот број производи, компјутерот го упатува на следниот производ. Овој начин на комисионирање е многу продуктивен и се препорачува за магацини со голем број различни производи.
Pick-to-light е систем што користи мали светилки монтирани на палетните регали или на полиците и се насочени кон пикерите. Кога налогот е подготвен во компјутерот, се палат светилките што ги означуваат бараните производи. На дисплејот покрај производите се испишува бројот на парчиња што треба да се земе. Пикер го зема потребниот број и притиска копче, што значи дека задачата е завршена и светилката се гасне. Потоа, пикерот оди до следната локација каде светилката е запалена.
Pick-to-voice – Комисионерот прима вербални инструкции од софтверот преку слушалки и одговара на нив преку микрофон, кој е поврзан со контролната единица, што се носи на појас. Кога комисионерот ќе го земе потребниот број производи, како што веќе го упатил софтверот, тој потврдува зборувајќи на микрофонот. Ако на полицата не се наоѓа одреден производ или нема доволно количество, комисионерот известува и добива налог што треба да работи. Кога операцијата е завршена, софтверот дава следни инструкции. Доколку пикерот не ја слушне или не ја разбере задачата, може да побара командата да се повтори.
Комисионирање според принципот picker-to-part
Комисионирањето според овој метод се одвива така што комисионерот се движи, пеш или возејќи се на транспортно средство, до локациите каде треба да ги земе производите. Бидејќи оваа активност најчесто се одвива во премините меѓу регалите, оваа група системи често се нарекува и системи „во премини" (in-the-aisle).
Комисионирање според принципот part-to-picker
Според овој систем, производите што треба да се земат, се движат кон комисионерот. Местото на исклучување се наоѓа на крајот од премините, па овие системи може да се сретнат и како системи „на крајот од премините" (end-of-aisotple).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.