„Моет Хенеси“ која е подружница на „ЛВМХ“ и американската пејачка Бијонсе лансираа нов бред на виски под името Sir Davis.
Новото виски го носи името по прадедото на американската пејачка кој за време на прохибицијата криел алкохол за своето семејство и пријатели за да можат заедно да ужуваат во пијалаците.
Секогаш ме привлекувала моќта и самодовербата кои ги чувствувам додека пијам квалитетно виски и сакав да го поттикнам тоа чувство кај што поголем број на луѓе. Sir Davis е начин на кој му оддавам почест на мојот прадедо и се чувствувам поблиску преку ова заедничко наследство. Во партнерство со компанијата „Моет Хенеси“ направивме автентично американско виски кое ја почитува традицијата но им овозможува на луѓето да пробаат нешто ново и автентично, изјави Бијонсе.
Sir Davis не е само исклучително виски на кое сме многу горди, туку е сведоштво на непоколбливата посветеност во занаетот, наследството и иновациите кои ги споделуваат „ЛВМХ“ и Бијонсе, изјави Бернард Арнаулт, претседател и извршен директор на „ЛВМХ“.
Зад рецептурата на вискоти стои д-р Бил Лумсден, дестилер познат по брендовите на шкотско виски Glenmorangie и Ardbeg.
Ова виски од септември ќе биде достапно за потрошувачите во САД, Велика Британија, Франција и Јапонија.
Извор: InStore.rs
Фото: LVMH/SirDavis
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.