Маркетинг

Словенија: „Шпар“ лансира нова кампања

13 Aug 2024

Компанијата „Шпар“ – Словенија ја претстави новата кампања насловена „Не штеди го животот, подобро штеди во „Шпар“,  со која сака да ги потсети купувачите на убавите моменти кои ги нуди животот и кои не треба да се пропуштат, како и тоа дека потрошувачите своето штедење можат да го направат во „Шпар“.

Компанијата соопштува дека во нивната понуда се голем број на артикли од нивните приватни трговски марки кои на купувачите им се достапни по поволни цени, а исто така достапни се и неделните акции кои на купувачите ќе им овозможат дополнителна заштеда.

Од „Шпар“ посебно истакнуваат дека за развојот на широкиот спектар на производи е следен со стручност и се движи по насоки од познатите словенечки институции за контрола на квалитет, па така производите од нивната трговска марка имаа одличен сооднос помеѓу цената и квалитетот.

 

Извор/Фото: „Шпар“  - Словенија   



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...