Маркетинг

Данска: „Карслберг“ со кампања за поттикнување на љубопитноста (Видео)

21 May 2024

 „Карслберг“ покрена нова глобална кампања под името „Дали најдобрите работи почнуваат со љубопитност? Веројатно“, со цел да се поттикне улогата на љубопитноста во прогресивниот развој.

Новата камапња е вкоренета во идејата дека љубопитноста може да ги помести границите на развојот, што е од суштинско значење за „Карлсберг“. Мотото на нашиот основач, Јакобсен всушност била „Sempers Ardens“, што во превод значи „Секогаш гори“. Денес, над 177 години подоцна, секогаш ја користиме нашата љубопитност за да ги поместиме границите,без оглед дали се работи за пронаоѓање на нови начини за намалување на енергијата и водата или развојот на посевите кои се толерантни на климатските промени. Со кампањата сакаме да покажеме и малку забава и хумор, за да можеме сите да ја разбудиме нашата љубопитна страна, изјави Линсеј Вудс, глобална бренд директорка во „Карлсберг“.

 Кампањата, која ги води потрошувачите низ вековите на развој на пивото Carlsberg, ја означува и првата глобална кампања на пиварницата, која ќе биде лансирана на сите 120 пазари на кои работи, почнувајќи од Хонг Конг и Велика Британија.

Производителот, како дел од кампањата, лансираше ТВ спотот на кој можеме да видиме луѓе во различни епохи како се забавуваат, со слоганот „Веројатно“ кој ги следи овие ситуации, во согласност со официјалниот слоган на пиварницата „Веројатно најдоброто пиво на светот“ , како и култната песната од 80- ти, „ 900 нумбер“.

 Дополнително, за време на траењето на кампањата, во која централно место го зазема листот од хмељ, кој се наоѓа и на логото на компанијата, компанијата ќе лансира и специјални активости кои ќе можат да се следат на социјалните мрежи.

Извор: The Drinks Business

Фото: „Карлсберг“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...