„Волмарт“ ја лансира новата кампања во пресрет на Black Friday и ја претстави рекламата во која учествува актерската екипа од популарниот филм „Злобни девојки“ (Mean Girls).
Во рекламата може да се видат актерките Линдзи Лохан, Лејси Шаберт и Аманда Сејфилд како ги играат познатите сцени од филмот, истовремено промовирајќи ги акциите во „Вoлмарт“ во пресрет на Black Friday (црн петок).
Компанијата ќе објавува нов спот секоја среда во текот на месецот, како и посебен спот на Cyber Monday (сајбер понеделник), кој годинава ќе биде на 27 ноември.
Покрај тоа, во одредени денови во ноември на корисниците на програмата за лојалност Walmart+ „Волмарт“ ќе им овозможи онлајн-продажба на производи во рамките на акциите за Black Friday.
Фото: Walmart
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.